Атлетико ја загуби круната

Екипата на Атлетико Мадрид, се прости од титулата во фудбалската Лига Европа, откако во 1/16 финалниот двомеч беше елиминирана од Рубин Казањ.

Европската приказна за оваа сезона заврши и за Наполи на македонскиот репрезентативец, кој двомечот со Викторија Плзен го загуби со убедливи 0:5. Англиските преставници Тотенхем и Челзи, во последните моменти од натпреварите со Лион, односно Спарта Прага изборија пласман во осминафиналето. Најмногу драма имаше во Букурешт каде Стеауа по изведувањето на пенали го елиминира Ајакс. Во редовите на Стеауа го немаше македонскиот репрезентативец Даниел Ѓеорѓиевски кој сеуште се рехабилитира од повредата. Рубин-Атлетико Мадрид 0:1 (прв натпревар 2:0)Клуж-Интер 0:3 (0:2)Дњепар-Базел 1.1 (0:2)Лацио-Борусија Менхенгладбах 2:0 (3:3)Лион-Тотенхем 1:1 (1:2)Металист-Њукалс 0:1 (0:0)Генк-Штутгарт 0:2 (1:1)Бенфика-Баер Леверкузен 2:1 (1:1)Челзи-Спарта Прага 1:1 (1:0)Бордо-Динамо Киев 1:1 (1:1)Фенербахче-БАТЕ Борисов 1:0 (0:0)Хановер-Анжи 1:1 (1:3)Ливерпул-Зенит 3:1 (0:2)Олимпијакос-Леванте 0:1 (0:3)Стеауа-Ајакс 2:0 на пенали 3:2 (0:2)Викторија Плзен-Наполи 2:0 (3:0) .
Макфакс
Екипата на Атлетико Мадрид, се прости од титулата во фудбалската Лига Европа, откако во 1/16 финалниот двомеч беше ели

Пронајдете не на следниве мрежи: