Аферата уште трае?! Врањеш одлично информиран како е Карлеуша!

По веста дека Душко Тошиќ ја почастил својата сопруга Јелена Карлеуша со електричен автомобил “Тесла Х“ вреден 140.000 евра, со што покажа дека му дал нова шанса на бракот кој беше разнишан по аферата на пејачката со босанскиот фудбалер, Огњен Врањеш се чини и понатаму останува во игра. Иако со појавувањето во јавност на експлицитните фотографии и видео материјали го “стресоа“ регионот, некогашниот љубовен пар направи се што беше во нивна моќ за “прашината да слегне“ и се да се препушти на заборавот. Но, порно аферата толку силно одекна во јавноста, што се чини, не може толку брзо да биде заборавена. Најновата вест е дека Врањеш од еден следбеник на Инстаграм бил прашан за Јелена Карлеуша, ќе признаете, прашање кое погодува директно во центар. Па, за шокот да биде уште поголем тој одговорил на прашањето.
“Како е Јелена?“, прашува љубопитниот фан.
“Одлично“, “мртов ладен“ одговора Врањеш, со што дополнително ги погреа сомнежите дека божемните љубовници и понатаму се во контакт, без одлед на игнорирањата на јавни места и непојавувањата на дивата на заедничките судења.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.