петок, 27 ноември 2026
Најново

АФЕРА ПАРАЗИТ: Мицкоски земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ, а минималната плата 8.000 денари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ.

АФЕРА ПАРАЗИТ: Мицкоски земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ, а минималната плата 8.000 денари

Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.

По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.

АФЕРА ПАРАЗИТ: Мицкоски земал речиси 100.000 денари месечно во време на ВМРО-ДПМНЕ, а минималната плата 8.000 денари

Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ.

Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.

Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка – СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА СДСМ ОД ДЕНЕСКА.

Поврзани вести