Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор по прашања од делокругот на работа на институцијата.
„Постапувањето по поднесените иницијативи на редовен начин ќе се спроведува во согласност со Постапката за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ. Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт-образецот ПОДНЕСИ ЖАЛБА објавен на веб-страницата на Агенцијата ( https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka ), електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на образец погоден за поднесување иницијативи“, се наведува во соопштението за медиумите.
Иницијативата задолжително мора да го содржи името на инспекторатот до кој се поднесува, името, презимето и адресата на подносителот на барањето, или името и адресата на подносителот на барањето, законскиот застапник или овластениот претставник доколку го има, краток опис на прекршокот и името на субјектот против кој се бара инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе му биде вратена на подносителот, кој мора да ја прецизира/дополни во рок не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во наведениот рок, таа ќе се смета за повлечена.
The post АХВ-Македонија нема да постапува по анонимно поднесени жалби appeared first on Во Центар.



