Аца Лукас раскина со манекенката од Германија: „Бригита сама себе си се шутна“

Аца Лукас неодамна раскина со манекенката Бригита Алиловиќ, со која беше во врска повеќе два месеци.
Се тврди дека тоа се случило откако таа на пејачот му предложила да остави сè и да започне живот заедно со неа во Германија, но тоа било премногу за него.


„Бригита му се допадна на Аца веднаш штом ја запозна. Меѓутоа, таа вљубеност траеше два месеци, како што беше случај и со повеќето негови девојки. Тој ми рече дека Бригита го оптоварува во последно време и дека сфати дека тие не се еднен за друг “, изјавил пријател на пејачот.
„Бригита ја сфати врската посериозно од него и инсистираше тој да доаѓа во Гришхајм секоја недела. Таа дури побара да си го промени животот за неа, да се буди рано наутро, да почне да тренира. Аца е навикнат да има луд ноќен живот и да спие до пладне. Ми рече дека не му паѓа на ум да се менува заради девојката, иако многу добро се разбирале во креветот, а се карале надвор од него“, продолжил да објаснува пријателот.


Запознајте ја Бригита, новата љубов на Аца Лукас и бивша девојка на сегашното момче на бившата жена на пејачот! (ФОТО)
Раскинувањето, како што се тврди, дошло откако ја посетил, а таа за прв пат ја започнала приказната дека треба да се пресели да живее со неа во Германија. На Аца тоа му дошло премногу, ги собрал работите, излегол надвор од нејзиниот стан и само и напишал порака дека треба да останат пријатели.
Таа го молела да се врати и да разговараат, но Лукас бил решен и доследен да замине.
Пејачот, сепак, не сака да зборува за распадот на врската, туку само кратко искоментирал:
„Бригита самата себе се шутна“ – пишува српски Информер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.