Ацевски: Стојкоски има реализирано НУЛА капитални проекти, ја ветува истата нереализирана програма од 2021 година!

Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден капитален прокет, Стојкоски ги ветува истите проекти што ги ветувал и во 2021 година, истакна во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски.

– Општина Ѓорче Петров нема реализирано ниту еден капитален прокет. Нема алтернативна сообраќајница за цел еден дел од Општината, односно за наслеените места Волково, Кисела Јабука, Ново Село, Даме Груев, уште еден излез од тој дел на Општината кон останатиот дел од Градот Скопје. Целиот тој дел кој забрзано се развива, забрзано се гради, целиот тој дел се поврзува преку една сообраќајница.

Нема пробивање на ул. Лука Геров кон Стопански Двор, не е направена ниту една градинка, ветуваа две, само во една урбана заедница, сега ветуваат пет, нема кружни текови, не е решен проблемот со притисокто на водата, објасни Ацевски.

Тој додаде дека Стојкоски повторно ги ветува истите проекти кои ги ветувал и во 2021 година, а не се реализирани за време на неговиот мандат како градоначалник.

– Таа програма со која мавта Стојкоски, треба да одговори зошто во програмата му се истите ветувања, само проширени и надградени. Тогаш ако ветувале две градинки, сега не се направени ниту една, ама ветуваат пет. Ако ветувале две сообраќајници, сега ветуваат три, рециклирани им се истите ветувања.

Ветуваа катни гаражи, не ни има катни гаражи во тој катастрофален ДУП со хемиски фабрики за Александрија. Секогаш имаат добри изговори да донесат нови висококатници, највисоката зграда во Ѓорче е десет ката, сега ќе биде над дваесет, вели Ацевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: