Ајкула уби капач во Нов Зеланд

Ајкула долга 4,2 метри усмрти капач на популарна плажа во Нов Зеланд, а полицијата се обидела да го спаси човекот пукајќи со пиштол во предаторот, јави Associated press.

Нападот од ајкула се случи на плажата Маривеј во близина на Окленд, која по инцидентот била затворена.
 Овој напад е еден од дванаесетте кои се случиле во Нов Зеланд во последните 180 години.
 Пио Мосе, кој ловел риби на плажата, вели дека го видел пливачот како се бори со огромната ајкула, пливал кон карпите, но било предоцна.
 „Имаше многу крв. Се тресев и се испаничив”, додава рибарот.
 Според полициски инспектор, пливачот постар од 40 години, пливал на околу 200 метри од брегот, кога го нападнала ајкулата. Полицијата со глисери стигнала до ајкулата и пукала во неа, но за капачот било предоцна.
 „Се сврте во водата и исчезна”, вели инспекторот, кој не знае дали полицајците успеале да ја усмртат.
 Телото на несреќниот човек е најдено, а неговото име не е објавено затоа што неговото семејство се уште не е известено за неговата смрт.
 За време на нападот на плажата имало околу 200 пливачи. ПОлицијата превентивно ги затвори и останатите плажи во близина.
 Се уште не е познато кој вид ајкула го нападнала капачот, но експерт за морски свет вели дека во тие води живеат бели ајкули, но и други морски животни опасни за човекот.
 Нападите од ајкули во Нов Зеланд се ретки. Од 1830 година во напади на ајкули страдале 12 луѓе.
 Ајкулите доаѓаат блиску до брегот во потрага по храна, а во 99 отсто од случаите ги игнорираат луѓето/
 Минатата година во светот се забележани 80 напади на луѓе, од кои починаа седум.
Макфакс
Ајкула долга 4,2 метри усмрти капач на популарна плажа во Нов Зеланд, а полицијата се обидела да го спаси човекот пука

Пронајдете не на следниве мрежи: