Жителката на Њујорк по име Лорета неодамна го прослави својот 104-ти роденден во локален затвор, но не на начинот на кој веројатно сте мислеле.На прашањето од персоналот на старечки дом како би сакала да си го помине денот, бабата одговорила кратко – во Казнено-поправниот дом во округот Ливингстон!Исполнета желбаНевообичаеното барање подоцна било упатено до канцеларијата на шерифот, кој го прифатил барањето, а Лорета била почестена со ексклузивна турнеја.„Пред тоа роденденот го славела со кафе и торта“, објавија властите на својата Фејсбук страница.Тајната за долг животКога шерифот ја прашал Лорета која е тајната на долгиот живот, таа одговорила: „Занимавајте се со вашата работа“, пренесува UPI.com.Во објава на популарната социјална мрежа се наведува дека бабата одлично се забавувала во затворскиот објект.„Драго ни е што успеавме да и ја исполниме роденденската желба. Ви благодариме за насмевките и прекрасниот ден“, се вели во него.
Пронајдете не на следниве мрежи:



