Баварската машина ја здроби Барселона

Екипата на Баерн Минхен со една нога е во финалето во Лигата на шампиони, откако во првиот полуфинален меч ја победи Барселона со 4:0.Германскиот шампион на „Алијанц Арена“ одигра брилијантен натпревар, а искусниот Јуп Хајнкенс му одржа тактичка лекција на помладиот колега Тито Виланова.Баерн со оваа победа целосно и се реваншира на Барселона за поразот во сезоната 2008/2009, тогаш Барса победи со идентичен резултат.Баерн првата сериозна можност за постигнување на гол ја имаше уште во втората минута, но Робен шутираше право во Валдес.Барселона, вообичаено, го имаше поседот на топка, но Баерн беше далеку поконкретен, Каталонците во првото полувреме немаа ниту еден директен удар кон голот на Ноер.Играчите на Баерн, максимално ја искористија бавната игра на Барселона, добро ги затвораа придодите кон својот гол, а целосно го изолираа Лионел Меси, кој многу често е враќаше далеку назад за да прими топка.Баерн во првиот дел стигна до предност во 25.минута, Робен нафрли од десната страна, Данте го надскока Алвеш и со глава кој пронајде Милер кој ја смести топката во мрежата на Валдез.Баерн на сличен начин го постигна и вторито гол, во 49.минута Робен изведе корнер, на подалечната стаива Милер ја врати во петерецот каде Гомез без проблем ја смести во голот.Третиот гол Баерн го постигна во 73.минута, кога Робен одлично истрача еден контранапад, се прошета низ одбраната на Барселона, го искористи блокот на Милер и лесно го матира Валдез.Играта на Барселона, која воопшто не беше импресивна, по третиот примен гол целосно се распадна, па Баварците успеаа да постигнат уште еден гол, Рибери и Алаба ја одработија акцијата во 83.минута по која Милер го постигна својот втор гол.
МакфаксЕкипата на Баерн Минхен со една нога е во финалето во Лигата на шампиони, откако во првиот полуфинален меч ја победи Б

Пронајдете не на следниве мрежи: