Багерист откопал буриња со куршуми и бомби во Гостиварско

Работник кој копа со багер помеѓу две села во Гостиварско вчера наишол на изненадување – откопал две пластични буриња полни со куршуми и експлозивни средства, соопшти полицијата.

„На 03.01.2026 во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу с.Митрови Крсти и с.Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: