Коледарските песни уште од рано утрионава одекнуваа пред домовите на православните христијани. Со насмевки на лицата, распеан глас и полни торби, најмалите ја пренесоа веста за доаѓањето на еден од најголемите христијански празници, денот на Христовото раѓање, Божик.
Одбележувањето на Бадник во Скопје почна пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Оваа година кум беше Зоран Кондратенко, а здравичар Јаков Дренковски. Од платото пред Соборниот храм тие испратија пораки за претстојниот празник Божиќ.
– Ова ми е прв пат мене. На сабалје прво одиме на Коледе, интересно е, навечер ќе кршиме лепче кај кој ќе се падне паричката.
Традиционално Бадник и Божик се одбележуваат и со посна и мрсна трпеза. Граѓаните кои и годинава се подготвувале за прослава на двата празниика велат дека се е поскапено.
– Па да ви кажам дека е далеку псокапо, ако гледаме вака мислам дека некои цени намерно им се дигнати на маркетиве што не е фер кон народот
– Ќе има на трпезата од се по нешто, псоно, рипче, гравче, бадниково лепче со паричка, од се по нешто посно.
– Па околу 1000 денари. Тоа е поскапо или поевтино за разлика од лани? Па исто, малку поскапо.
– Повеќе е, повеќе е . На секој еден елемент што се купи повеќе е се, мислам дека само лебот е иста цена.
И за Бадник и Божиќ, традиционално семејството се собира дома. На Бадник се поставува посна трпеза и се прави лепче со паричка. Се смета дека на оној на кој ќе му се падне паричката него ќе го следи среќа целата година.



