Баерн се провлече, Малага до историски успех

Баерн Минхен и Малага го комплетираа списокот на екипи кои ќе играат во четврт финалето во фудбалската Лига на шампиони.Баерн, кој во реваншот со Арсенал влезе со предност од 3:1, до самиот крај стравуваше за пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.Арсенал, по само 180 секунди игра преку Жиру стигна до предност, францускиот репрезентативец ја реализира асистенцијата на Волкот.Баварците во продолжение ан натпреварот имеш инцијатива и неколку сериозни можности за гол, но неговите играчи не успеаја да го совладаат Шчешни. Конечниот резултат го постави Кошијелни во 86.минута.Арсенал и покрај победата од 2:0 ги заврши настапите во Лигата на шампиони.Малага, против Порто забележа победа со 2:0 и го оствари најголемиот успех во историјата на клубот.Иско го постигна првиот гол за Малага во 43.минута, а конечниот резултат го постави Санта Круз во 77.минута, Парагваецот во игра влезе три минути претходно.Порто натпреварот го заврши со десет играчи, во 49.минута, поради два жолти картони играта ја напушти Дефур.Четврт финалните двојки ќе бидат извлечени во петок, во седиштето на УЕФА во Нион.
МакфаксБаерн Минхен и Малага го комплетираа списокот на екипи кои ќе играат во четврт финалето во фудбалската Лига на ш

Пронајдете не на следниве мрежи: