Бали бег ги разнежни фановите со фотографијата со синот

Турскиот актер Бурак Озџивит познат по улогата на Бали бег во серијата „Величествениот“ и неговата сопруга актерката Фахрије Евџен на 13 април минатиот месец станаа родители на нивното прво дете, синот Каран.
Бурак ги разнежни и изненади фановите на социјалните мрежи откако сподели фотографии со синчето кое се роди пред две недели.


Популарниот пар инаку му отвори и Инстаграм профил на бебето пред тоа да биде роден, но Каран се уште нема фотографии од него, а има 142 илјади следбеници, а ги следи само своите родители.
По илјадниците негативни коментари во врска со отворањето на неговиот профил, актерот се правдаше дека тоа го направиле бидејќи сакале да го заштитат бебето од лажни профили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.