Балконот со функционери се урна и падна врз главите на приврзаниците! Погледнете ја минутата хорор од изборната прослава во Турција

Повеќе од 18 лица се повредени кога се урна балкон со приврзаници на Републиканската народна партија за време на прославата на победата на локалните избори во Турција!

Балкон се урна за време на прослава во југозападниот турски град Денизли, а видеото покажува како балконот попушта под тежината на функционерите на ЦХП, а потоа паѓа врз поддржувачите пред седиштето на партијата.

Медиумите јавуваат дека најмалку 18 лица се повредени.

Погледнете ја оваа сцена!

Републиканската народна партија, главната опозициска партија во Турција, извојува големи победи на локалните избори во таа земја и ја задржа контролата над најголемиот град Истанбул и главниот град Анкара.

ЦХП ја победи владејачката партија АКП предводена од актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган во речиси сите поголеми градови.

Кандидатот за претседател на селскиот совет во турскиот град Елазиг, да потсетиме, почина од срцев удар откако ги загуби изборите по волја на лотаријата. Трагедијата се случи во селото Гунбаги откако досегашниот претседател на селскиот совет Мустафа Демир доби ист број гласови како неговиот противкандидат на изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.