Балотели повторно напаѓа

Сообраќаен полицаец на аеродромот во Милано на своја кожа го почуствувал незгодниот карактер на Марио Балотели.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Балотели на аеродромот бил за да пречека неколкумина пријатели, кога полицаецот го предупредил да го помести својот автомобил бидејќи бил паркиран во забранета зона. Балотели, најпрвин го послушал полицаецот, но потоа повторно се паркирал во забранета зона, по што сообраќаецот му напишал казна. Контроверзниот фудбалер на напишаната казна нервозно реагирал и вербално се судрил со полицаецот, по што морале да се вмешаат колегите на полицаецот за да ја смират ситуацијата. Балотели минатата недела се врати во Италија и потпиша четири ипол годишен договор со Милан, кој како обештетување за Супер Марио на Манчестер Сити му плати 20 милиони евра. На своето деби во дресот на Милан, тој ги постигна двата гола со кој ’росо нерите’ го совладаа Удинезе со 2:1.   
Сообраќаен полицаец на аеродромот во Милано на своја кожа го почуствувал незгодниот карактер н

Пронајдете не на следниве мрежи: