четврток, 12 ноември 2026
Најново

БАНАНА МАФИНИ БЕЗ ЈАЈЦА И БРАШНО: Смесата се прави во блендер за 5 минути, а се толку сочни што целата тура ќе ја изедете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако постите или се држите до одреден режим на исхрана и копнеете по нешто благо, нашиот предлог се посни банана мафини.

Не ви треба брашно или јајца за да го подготвите ова вкусно слатко тесто. Смесата едноставно се прави во блендер за пет минути, а се печат максимум половина час. Путерот од кикирики е скап во продавницата, но можете да го направите дома само со 2 состојки. Можете да го замените млекото со вода.

Подготовка: Измешајте ги овесните снегулки и бадемите во блендер, потоа додадете ги бананите, какаото, прашокот за пециво, медот, млекото и путерот од кикирики. Добро измешајте. Ставете хартиени калапи во калапот за мафини, а потоа истурете ја смесата. По желба, додадете чоколадни трошки и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 30 минути.