Барселона го елиминира Милан

Фудбалерите на Барселона, ја надополнија негативата од Милано и изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Барселона во осминафиналниот реванш целосно го надигра Милан, забележувајќи победа со 4:0 (2:0).

Лионел Меси постигна два, а по еден гол постигнаа Давид Виља и Жорди Алба во победата на Барселона, која во четвртфиналето им се приклучи на Реал Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Јувентус и Галатасарај. Фудбалерите на Барселона и Милан го одиграа 17-от меѓусебен дуел во европските купови, Барса ја забележа седмата победа, Милан остана на пет победи, додека пет натпревари завршиле без победник. Барселона, притисната од предноста со која Милан влезе во реваншот, уште од почетокот започна офанзивно. Тренерот Роура изведе формација со тројца напаѓачи, четворица во редот за врска и тројца во одбраната. Таквиот пристап на Барселона и` се исплатеше уште на самиот почеток, кога Меси од работ на шеснаесетникот со прецизен удар го погоди десниот долен агол од голот на Абијати. И по постигнатиот гол домаќинот продолжи со иницијативата, до 15-та минута Абијати спаси два сигурни гола по обидите на Меси и Чави.Целосната офанзива Барселона можеше скапо да ја плати во 38-та минута кога Нијанг излезе сам пред Валдез, но наместо мрежата го погоди само дирекот.Веднаш во следниот напад Барселона ја удвои предноста, Меси од 18 метри прецизно биеше и по вторпат го совлада Абијати. Сликата на теренот не се смени ниту во второто полувреме, Барселона ориентирана напаѓачки, Милан потиснат на неговата половина. Давид Виља во 55-та минута ја искористи грешката на Констант и откосо од десната страна успеа да пласира во спортивниот агол од голот на Абијати. Најсериозната шанса за постигнување гол во второто полувреме за Милан ја имаше Робињо, но неговиот обид во последен момент беше изблокиран од Жорди Алба. Бекот на Барселона стави точка на натпреварот во 92-та минута кога успеа да го реализира контранападот кој го започнаа Чави и Алекси Санчез. Инаку, Меси против Милан ги постигна 57 и 58 гол во Лигата на шампиони, со што на вечната листа на второто место го мина Руд Ван Нистелрој.
Макфакс
Фудбалерите на Барселона, ја надополнија негативата од Милано и изборија пласман во четвртфина

Пронајдете не на следниве мрежи: