Барселона го избриша Меси од списокот играчи на својот веб сајт

Kако вистинска бомба во медиуми и секаде одекна веста дека Лионел Меси ја напушта Барселона. Оваа вест ја потвди и клубот.
Барселона објави официјално соопштение во кое стои:
„И покрај тоа што Барселона и Меси постигнаа договор и покрај јасната намера на двете страни денеска да се потпише новиот договор, тоа не може да се случи поради финансиските и структурни препреки (регулации во шпанската лига).
Како резултат на оваа ситуација, Меси нема да остане во Барселона. Двете страни жалат што желбите на клбуот и играчот нема да бидат исполнети денеска да се потпише нов договор нема да бидат исполнети. Барселона со цело срце му се заблагодарува на играчот за неговиот допринос во клубот и му посакува се најдобро во иднина во личниот и приватниот живот.“
Инаку, покрај ова сооштение Бареслона го избриша Меси и списокот играчи за следната сезона.
Во листата напаѓачи на официјалниот сајт на клубот стојат Антоан Гризнам, Мартин Брајтвајт, Осман Дембеле, Ансу Фати, Серхио Агуеро, Мемфис Депај. Сите од нив се големи фудбалски имиња, меѓутоа ја нема една од најгомите легенди на клубот Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.