Бар во Тел Авив нуди бесплатен пијалок на вакцинираните од ковид

Бар на плоштадот „Дизенгоф“ во центарот на Тел Авив нуди бесплатни пијалоци на секој што ќе дојде да се вакцинира,на овој начин владата сака да ја популаризира потребата од вакцина кај помладата популација.
Вакцините се достапни за секого бесплатно и без закажан термин, а оние кои ја прифаќаат понудата и примаат вакцина добиваат ваучер за бесплатен безалкохолен пијалок во барот, пренесува Скај Њуз.
Според британскиот портал, оваа недела имало загрижувачки прекин на вакцинацијата кај младите.
Израел, кој во моментов ја има најуспешната програма за вакцинација, се обидува да најде начин да ги охрабри младите да се вакцинираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.