петок, 27 ноември 2026
Најново

Баскет Кам 2011 го освои трофејот во женскиот кошаркарски Куп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Кошаркарките на Баскет Кам 2011 го освоија трофејот во македонскиот кошаркарски Куп, „Благоја Георгиевски – Буштур“, совладувајќи во финалето бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со 67-39 (21-11, 24-9, 10-11, 12-8)

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Баскет Кам 2011 од самиот почеток на финалната пресметка доминираше на паркетот во СРЦ „Кале‘ и веќе на полувреме дојде до недостижни 25 поени разлика (45-20)

Најефикасна во редовите на составот од Македонска Каменица беше Кметовска со 23 поени, додавајќи и 15 скокови, додека Томас со 16 поени беше најистакната во редовите на МЗТ Скопје Аеродром.

Баскет Кам 2011 ја освои својата трета куп титула, а МЗТ Скопје Аеродром остана на една, освоена лани со триумф во финалето над Баскет Кам 2011.

Фото: КФСМ

– Реклама –

Поврзани вести