среда, 18 ноември 2026
Најново

Бајден се огласи за пр пат откако ѝ даде дозвола на Украина да истрела проектили длабоко во руската територија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска зборуваше на Самитот на Г-20 во Бразил, за првпат откако и’даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко на територијата на Русија Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро. Како што пренесува Би-Би-Си, тој не се повика директно на одлуката за одобрување на употребата на ракети со долг дострел од Украина.„Сите ние мора да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот“, рече Бајден, додавајќи:„САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, сите на оваа маса треба да го сторат истото.”

Поврзани вести