Бајден: Ќе ги сопреме испораките со оружје за Израел ако нападнат во Рафа

Џо Бајден претседателот на САД за првпат јавно истакна дека ќе ги сопре испораките со американско оружје за Израел доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху продолжи со планот за голема воена инвазија врз Рафа, на југот на палестинска Газа.Во изјава за Си-Ен-Ен, претседателот Бајден призна дека дел од американското оружје испратено во Израел било користено за напади во кои загинале и цивили.„Цивилите во Газа се убивани како последица на тие бомби и на други начини на кои тие напаѓаат врз населените центри“, рече Бајден мислејќи на бомбите со тежина од речиси 1 тон, за кои Белата куќа реши повеќе да не ги испорачува за израелската армија.Бајде исто така рече дека им ставил до знаење на Израел дека ако „влезат во Рафа, иако досега не го направија тоа, ако влезат тогаш повеќе нема да ги снабдувам со оружја кои досега се користеле за операциите.Претседателот на САД посочи и дека продолжува поддршката за одбраната и безбедноста на Израел како што е снабдување со елементи за одржување на противракетниот систем „Железна купола“, но дека се повлекуваат од поддршката за Израел да ја продолжи војната во конкретните области во Газа.Бајден се најде под силен притисок од членови на Демократската партија за преиспитување на воената помош која се испраќа за Израел, а со која се влошува опасноста за цивилното население сконцентрирано во Рафа.Се проценува дека на југот на Газа се префрлени речиси 2 милиони луѓе, кои таму бараа прибежиште по жестоките напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: