Бебето оживеа 30 минути пред смртта: Ја прогласија за мртва на раѓање, семејството не можеше да се вразуми, доживејаа невиден хорор (ВИДЕО)

Бебе кое беше прогласено за мртво при раѓање од страна на лекарите во мал парагвајски град, оживеа пред погребот!Девојчето се родило во петокот околу пладне со царски рез откако мајката (21) доживеала компликации во седмиот месец од бременоста. Лекарите веднаш констатирале смрт на девојчето, а телото заедно со потврдата за смртта го предале на семејството.Игнасио Медина, таткото на девојчето, изјави за локалниот парагвајски канал Телефутуро дека телото на бебето било виолетово.– Отидовме кај мајка ми и се подготвивме за погребот – рекол таткото.Медина додаде дека непосредно пред да замине на гробиштата, еден од неговите роднини забележал дека бебето ја движи главата и ги известил присутните.– Отидовме да погледнеме и забележавме дека срцето и’ чука – додал младиот човек кој веднаш отишол во болница со бебето каде детето сега е на интензивна нега.Локалните медиуми објавија дека девојчето почнало да покажува витални знаци 30 минути пред погребот.

Семејството претходно се соочило со загуба на бебе.Застрашувачкиот случај е снимен во Минга Гуаз, град на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана.Федерико Шредел, директор на регионалната болница Сиудад дел Есте, не ја исклучи можноста дека се работи за каталепсија.

– Поради состојбата на бебето, тоа може да се случи и потоа практично да остане без витални знаци – рече Шредел и додаде дека на секои пет милиони раѓања се случува по еден таков случај.Пабло Лемир, директор на државната судска медицина, исто така објасни дека тоа може да биде каталепсија.– Нема отчукување на срцето, нема дишење, телото е млитаво и бледо и добива синкава или виолетова боја. Нормално спонтано и необјасниво се повлекува подоцна – изјави Лемир.Роднините веруваат дека бебето воскресна од мртвите благодарение на „божествената интервенција“ и велат дека девојчето ќе се вика Милагрос де Хесус.

Пронајдете не на следниве мрежи: