Бебето плачело, па невеста направи хаос на свадба

На социјалната мрежа Редит, една штотуку омажена девојка сподели случка од својата свадба, кога таа избркала гости бидејќи нивното бебе постојано плачело.
-Иако во поканите нагласивме дека не сакаме деца на свадбата, тие го зедоа своето новороденче и другото дете кое има три години. За време на свеченоста сѐ нешто на тоа мислев и се надевав дека некој ќе дојде по децата пред веселбата. Но, тие двајца и таму се појавија со децата. Бидејќи бебето веќе беше уплакано во црквата, а и другото дете се чинеше дека наскоро ќе заплаче, го испратив мојот свадбен организатор да види што им се намерите, раскажува невестата.


Гостите се налутиле поради тој потег, па започнала и расправија. Тогаш невестата решила самата да се справи со тоа.
-Ги потсетив дека на поканите јасно пишува дека не сакам деца на приемот. Жената ми се извини, а мажот ѝ почна да се расправа со мојот сопруг. На крајот се изнервирав и им кажав дека мора да си одат, пишува таа во објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.