Бебе испадна од автомобил, а мајката воопшто не забележа

Камерите забележаа неверојатна глетка на улиците на Манкат, во Минесота, кога бебе заедно со седиште за деца, падна од автомобил низ вратата, а за среќа во тој момент не помина ниту еден автомобил.
Возачот кој наишол, веднаш запрел и почнал да и` мавта на мајката, која воопшто не забележала дека детето и паднало од автомобилот, па си заминала.

Тој го запрел сообраќајот, го зел девојчето кое пак поради седиштето било заштитено од повреди.
Набрзо пристигнале и полицајци, како и мајката која веројатно подоцна видела дека и` ја нема ќерката.
Како што се утврдило, девојчето било прописно врзано за седиштето, но самата носилка не била прописно обезбедена во автомобилот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.