Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во Атина, бабата тврди дека ѝ го грабнал непознат човек во маркет

Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна кеса покрај контејнер во Атина, јавува „Катимерини“.

45-годишна жена, која се претставила како баба на бебето, околу 15 часот пријавила во полиција дека непознат човек ѝ го грбнал бебето во супермаркет во центарот на грчкиот главен град. Според нејзините зборови, мажот пришол и рекол дека сака да купи нешто за детето, а потоа ѝ го грабнал и го однел бебето.

Полицијата започнала потрага, а бебето го пронашол минувач, кој слушнал плачење покрај контејнер, по што веднаш ги известил надлежните.

Бебето било итно однесено во болница, каде му е извршен преглед, а според информациите, тоа е во добра општа состојба.

Полицијата ги привела на распит мајката и бабата на детето, додека се истражуваат сите аспекти на овој необичен случај.

Пронајдете не на следниве мрежи: