„Бев кај вујко ми, го нема ни него ни сестра ми “: Малата Марија (8) била силувана од роднина која го сакала, па ја убил

Вујкото на осомничениот е уапсен утрово недалеку од местото на злосторството, полицијата испукала неколку куршуми при апсењетоРоманската полиција приведе маж (32), кој е осомничен дека  синоќа ја силувал и ја убил осумгодишната внука Марија, а потоа и го фрлил телото во грмушките во атар во селото Јајаи , во областа Ботошани.Девојчето, наводно, синоќа било испратено од родителите кај нејзиниот вујко да земе нешто. Таа наводно имала нормални односи со него.Детето излегло од дома околу 20 часот, а кога не се вратило родителите ја испратиле сестрата на Марија да видат дека ја нема. Втората ќерка брзо се вратила дома и рекла дека „го нема ни вујко ни Марија“, по што роднините почнале да трагаат по детето и вујкото.Откако и по еден час не ги нашле, ја алармирале полицијата која до доцна во ноќта трагала по девојчето. За жал, во грмушките го пронашле нејзиното безживотно тело, наводно полуголо и крваво, а од нејзиниот вујко немало ни трага ни глас.Тој бил уапсен денеска нешто пред пладне, кога се обидел да се врати на местото на злосторството.Тој бил фатен недалеку од неговата куќа. Полицајците го забележале како се крие во високата трева, а потоа почнал да бега. Полицајците испукале два предупредувачки истрели во воздух, а потоа осомничениот бил совладан.

Пронајдете не на следниве мрежи: