четврток, 26 ноември 2026
Најново

Беживотно тело на девојка пронајдено во Тетово, првичните сознанија не покажуваат дека смртта е резултат на кривично дело

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Првичните сознанија за смртта на девојката која беше пронајдена мртва синоќа во Тетово не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело, но сепак е наредена обдукција и се вршат распити на повеќе лица.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта и дека сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините на смртта.
Увид е извршен синоќа на местото каде е пронајдено беживотното тело на девојката.
Дел од медиумите јавуваат дека се работи за 25-годишна девојка од Косово.

Поврзани вести