Бездомник вратил дијамантски прстен што случајно го добил

Бездомник кому една жена по грешка му дала дијамантски прстен наместо пара, го сочувал и без двоумење и го вратил.Додека Сара Дарлинг од Канзас Сити на бездомникот Били Харис му давала пари, по грешка му го дала и вереничкиот дијамантски прстен.Прстенот завршил во паричникот бидејќи, како што појасни, и пречел на прстот. А кога од паричникот вадела кованици што му ги дала на бездомникот, не забележала дека со нив го зела и прстенот. Дека и го нема, забележала дури другиот ден, па се вратила кај бездомникот.„Кога го забележав прстенот во кутијата, веднаш видов дека не е лажен и дека е скап“, рече Харис. Вредниот предмет не го продал, туку чекал жената да се врати. Кога му кажала дека по грешка му го дала и прстенот, Били не се двоумел, веднаш и го извадил и и го вратил.„Ми изгледаше како чудо. Мислев дека повеќе нема никогаш да го видам“, рече Сара.Откако и го врати прстенот, Били од неа ги добил сите пари што ги имала во тој момент во паричникот.
МакфаксБездомник кому една жена по грешка му дала дијамантски прстен наместо пара, го сочувал и без двоумење и го вратил.До

Пронајдете не на следниве мрежи: