Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар

Вчера утрото безживотно тело на жена било извадено од водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица во Скопје.
Од МВР за МИА потврдиле дека се работи за повозрасна жена, родена 1951 година. Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција.
Како што објавија некои медиуми жената не била пријавена за исчезната и кај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.