петок, 27 ноември 2026
Најново

Без струја дел од корисниците во Аеродром, Гази Баба, Сопиште, Кисела Вода и Карпош

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат  корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на гра Скопје. 

Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот,  за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел од ул. „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот,  за корисниците од објектите во околината на  ул. „Леринска“ бр. 3. во општина Карпош.

Поврзани вести