Без струја утре и задутре делови од овие скопски населби…

Заради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Бутел.
Од 12:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Париска од бр. 3 до бр.19, улицата Варшавска бр.5 и бр. 7 и улицата Прашка од бр.1 до бр.40 во Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата Ганчо Хаџи Панзов во Центар.
Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Борис Сарафов зграда 87, ул.Македонска Преродба од бр.76 до бр.102, ул.Арсениј Јовков од бр. 81 до бр. 101 и ул.Борис Сарафов од 51 до 80 во Ѓорче Петров, а од 08:45 до 16 часот станицата во Зелениково и селата Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница, како и корисниците од Ново Село и ЖТП Кадина Река.
Утре од 8 до 8:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и ТС Хисар Туризам, ТС МАК КАБ и ТС Еуротехника, ТС Алма М,ТС БЛИВ,ТС ИГМ Вратница, ТС Слободанка, а од 8 до 15 часот фирмите Датапонс, Кватра Нет и Кафе Вединг.
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во петок и тоа од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од бул.Борис Трајковски подулица 7 околу складот на „Макпетрол” во Кисела Вода, а 9 до 12 часот, корисниците од дел од улицата Коле Неделковски и Теодосиј Гологанов. Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе останат и корисниците од селото Волково односно ул.81, ул.87, ул.89 и околните споредни улици во Ѓорче Петров, додека од 9 до 11:30 часот, корисниците од „Вардар мебел” на ул.Ѓорче Петров, ул.Вера Циривири Трена од бр. 7 до бр.58, ул.Штросмаерова. ул.Никола Вукмировиќ од бр. 3 до бр.52, ул.Ѓорче Петров згр. 60. во Ѓорче Петров. Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул.Џоле Стојчев згр.5, ул.Вич згр.18, 20 и 22, ул.Разловечко Востание згр 5, 22 и 24 во Карпош, а од 11 до 13 часот, корисниците од ул.Ернест Телман (опш. Аеродром).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.