Без струја утре ќе останат делови од неколку скопски општини, еве кои

Поради планирани следните технички зафати во електро-системот на Град Скопје без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Сопиште и Петровец.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр. 169 и бр. 173, ул. „Ботун“ од бр. 12 до бр. 27 и ул. „Мраморец“ од бр. 1 до бр. 10. во Општина Карпош.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 08:30 до 16:00 часот ќе имаат корисниците од ул. „7“ и ул. „9“ во с. Горно Соње, Општина Сопиште, а во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од новата населба во с. Р’жаничино, Општина Петровец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.