Без струја утре ќе останат неколку скопски општини

Поради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од општините Сарај, Ѓорче Петров и Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 09:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Сарај и улицата „Ѓорче Петров” подулици број 1 и број 5, улицата „Трајко Бошковски – Тарцан” и улицата „Кузман Шапкарев” од број 1 до број 30.
Во периодот од 12:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Дрезденска”, како и објектите на Градежен Иститут и Катастарот на Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.