среда, 18 ноември 2026
Најново

Бекам бесен, бара отштета од 41 милион долари: Поднел тужба, еве што го погодило

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Комерцијалната компанија на британскиот фудбалер Дејвид Бекам, „ДБ Венчрс“, поднесе тужба во Врховниот суд во Њујорк против германската козметичка група „Коти“, откако нејзините луксузни парфеми наводно биле пронајдени на продажба на бензински пумпи и продавници за храна.

„ДБ Венчрс“ бара најмалку 41 милион долари отштета за наводна клевета.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во тужбата се тврди дека парфемите на Бекам, како што се линиите „Classic“, „Instinct“ и „Intimately“, биле пронајдени на распродажба во продавници за попусти и колички за попуст на бензински пумпи, објави АП.

Од компанијата „DB Ventures“ истакнуваат дека глобалниот бренд на Бекам е синоним за префинетост и дека таквото поставување му наштетило на неговиот углед и го прекршило договорот за лиценцирање.

„Коти“, која ги произведува и дистрибуира овие козметички производи, побара од судијата да ја отфрли тужбата, тврдејќи дека судовите во Њујорк немаат надлежност за случајот. 

Компанијата, исто така, тврди дека DB Ventures ја користи тужбата за да изнуди предвремено раскинување на договорот и да ја префрли лиценцата на друга фирма. 

Одбраната на „Коти“ објави дека ги оспорува наводите во тужбата.

Бекам е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид , а беше и капитен на англиската репрезентација.

Кралот Чарлс III го прогласи за витез минатата година .

„Сандеј тајмс“ го вклучи Бекам на листата на најбогати луѓе во светот, а богатството на неговото семејство беше проценето на речиси 1,2 милијарди фунти.

Поврзани вести