Основната царина од 10 отсто важи за сите земји освен Кина, Мексико и Канада.Потврдено е дека сите царини над 10 отсто се суспендирани на 90 дена за сите земји освен Кина, Мексико и Канада.Стапката од 10 проценти ја претставува основната царинска тарифа, која стапи на сила на 5 април, пишува Би-Би-Си .DO NOT RETALIATE AND YOU WILL BE REWARDED— The White House (@WhiteHouse) April 9, 2025Според извор од Белата куќа, оваа основна стапка никогаш не ги погодила Канада и Мексико и нема да ги погоди сега – така што двете земји остануваат ослободени од основната тарифа од 10 проценти.Тарифите кои претходно беа воведени против Канада и Мексико како дел од борбата против кризата со фентанил остануваат на сила, пренесува Skynews .Трговијата во рамките на договорот USMCA (Соединетите Американски Држави-Мексико-Канада) продолжува да биде без царини, додека стоките надвор од оваа рамка продолжуваат да подлежат на царина од 25 проценти.Претставник на Белата куќа потврди за Би-Би-Си дека единствената тарифа што ќе се применува за Европската унија ќе биде основната тарифа од 10 проценти воведена на 5 април.Инаку, и САД на Косово воведоа царинска тарифа од 10 отсто.
Пронајдете не на следниве мрежи:



