Бела мечка шета по улиците на градот Норилск во Русија

Гладот ја натерал белата мечка да мине стотина километри во потрага по храна и  да стигне на улиците на индустрискиот град Норилск. Женката мечка, очигледно слаба уморна и болна лежела со часови на земјата во градот Норилск. Како што изјавиле жителите, ова е прва поларна мечка која е видена во Норилск во последните 40 години.
– Мечката се уште кружи околу фабриката, а таму се полицијата и другите надлежни служби, изјавил за АФП претставникот на еколошката служба Алекандер Коробкин.
Глобалното затоплување и климатските промени ги уништија ледените пространства населени со поларни мечки, па овие животни сега се принудени храната да ја бараат на копно, доаѓајќи на тој начин во близок контакт со луѓето.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.