Белорусија ја проверува подготвеноста на вооружените сили за распоредување нуклеарно оружје

– Белорусија почна да ја тестира подготвеноста на својата војска да распореди тактичко нуклеарно оружје, јавија државните медиуми за текот на подготовките за нуклеарна вежба, која ќе ја спроведува Русија.Белорускиот министер за одбрана Виктор Крењин соопшти дека претседателот Александар Лукашенко наредил ненајавена проверка на силите одговорни за таквото оружје.За време на инспекцијата ќе биде проверена цела низа активности од планирање, подготовка и употреба на тактичко нуклеарно оружје“, рече Кренњин. Проверките ја вклучуваат и ракетната дивизија „Искандер“ и ескадрилата на авионите Су-25, додаде министерот.Лукашенко во април рече дека „неколку десетици“ парчиња тактичко нуклеарно оружје на Русија биле распоредени во Белорусија според договорот што тој и претседателот Владимир Путин го објавија минатата година како одвраќање за Западот.Тактичкото нуклеарно оружје е дизајнирано за употреба на бојното поле, за разлика од стратешките боеви глави дизајнирани да збришат цели непријателски градови.Русија вчера соопшти дека ќе вежба распоредување на такво оружје како дел од воената вежба по, како што рече Москва заканите од Франција, Велика Британија и САД.Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба изјави дека Киев не гледа ништо ново во вежбата, бидејќи „нуклеарната уцена е постојана практика на режимот на Путин“. 

Пронајдете не на следниве мрежи: