Бенитез: Играчите се виновни за отказите на моите претходници

Рафаел Бенитез, на еден од последните тренинзи на Челзи ги обвинил играчите за поразот од Манчестер Сити, но и за неубедливите игри откако тој е менаџер на екипата.

Според Бенитез, играчите со својот негативен став и однесување, биле најголемите виновници што неговите претходници добивале откази. „Овој тим стана шампион на Европа“, кусо му одговориле играчите на Бенитез, пренесуваат англиските медиуми. Бенитез не им останал должен, а напната атмосфера на тренингот ја спречил капитенот Џон Тери, кој откако се замешал во разговорот веднаш ги смирил страстите. Сепак, работите во соблекувалната се далеку од идеални, ’сините’ одамна ги загубија шансите да се борат за титулата, а во понеделникот го загубија и третото место на табелата.
Макфакс
Рафаел Бенитез, на еден од последните тренинзи на Челзи ги обвинил играчите за поразот од Манчестер Сити, но и за неу

Пронајдете не на следниве мрежи: