Бенитез се жали на распоредот

 Менаџерот на Челзи, Рафаел Бенитез, се пожали на распоредот по кој се играат натпреварите во Англија, бидејќи неговиот тим во рок од 48 часа ќе треба да одигра два значајни натпревари.Челзи, во сабота, ќе му гостува на Саутемптон, а веќе в понеделник од 13:30 часот ќе го игра повторениот дуел со Манчестер Јунајтед, во рамките на четвртфиналето во ФА купот.„Физички е невозможно да се издржи овој ритам. Ден по натпреварот си многу уморен, но два дена по натпревар заморот е уште поголем. Тоа е реалност. Вториот ден ќе биде многу потежок за сите нас“, рекол Бенитез.Двата натпревара кои треба да ги одигра Челзи се од исклучителна важност за клубот, бодовите против Саутемптон му се значајни во борбата за пласман во Лигата на шампиони, додека ФА купот е можност тимот да освои барем еден трофеј оваа сезона.„Ние не можеме да се коцкаме како Јунајтед, кој во првенството има 15 бодови предност, јас не можам да одиграм со два различни тима. Мораме да биде конкретни во Саутемптон, а потоа и со Јунајтед. Не сакам ова биде оправдување, реалноста вели дека поради позицијата на табелата на Манчестер ФА купот ќе му биде приоритет“, рекол Бенитез.
Макфакс Менаџерот на Челзи, Рафаел Бенитез, се пожали на распоредот по кој се играат натпреварите во Англија, бидејќи не

Пронајдете не на следниве мрежи: