БЕН АФЛЕК СРЕДЕ ГЛАСИНИ ЗА РАЗВОДОТ СОСЕМ САМ НА ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАН: Еден детаљ за познатиот актер ги збуни сите (ФОТО)

Бен Афлек е фотографиран од папараците на улиците на Лос Анџелес. Актерот отишол на вечера во италијански ресторан, а бил сам, односно без присуство на сопругата Џенифер Лопез .За таа прилика Бен облече бела маичка над која облече темно сина кошула. Носел беж панталони, а овој пат на раката имал бурма.
Зошто е важно ова да се нагласи? Имено, актерот пред неколку дена беше фотографиран како вози црно БМВ, а фотографиите од папарацо открија дека тој веќе нема венчален прстен на левата рака . Многумина веднаш помислија дека раскинува со својата поубава половина.Инаку, странските медиуми пишуваат дека Џенифер и Бен не живеат заедно веќе неколку недели , дека актерот се иселил од нивниот заеднички дом. Гласините за нивниот развод кружат веќе некое време бидејќи редовно се појавуваат сами на разни настани, а претходно биле видени како се расправаат во автомобил.Да потсетиме, Бен и Џенифер беа свршени пред повеќе од 20 години, а потоа во ноември 2022 година потврдија дека се вериле по две децении разделба. И двајцата имат деца со друг и изградиле семејства, но потоа сфатиле како треба да бидат заедно.

Пронајдете не на следниве мрежи: