Американскиот сенатор Берни Сандерс опиша како тој го гледа американскиот медиумски пејзаж.Поточно, тој наведе петмина мажи за кои верува дека не само што се најбогати во светот, туку имаат и извршна улога во медиумите, што алудира на нивната поврзаност со медиумските содржини.„Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, е сопственик на X. Вториот најбогат човек во светот, Лари Елисон, е сопственик на Paramount, вклучувајќи го и CBS, а сега можеби ги презема и TikTok и CNN. Џеф Безос е сопственик на Washington Post и Twitch. Марк Закерберг е сопственик и на Facebook и на Instagram. Всушност, петте најбогати луѓе во светот се сопственици или извршни директори на медиуми“, рече тој.pic.twitter.com/6dyTzIIu0Y— Bernie Sanders (@BernieSanders) September 22, 2025Тој верува дека кога се зборува за олигархијата во Америка, не станува збор само за нееднаквоста во приходите и богатството.„Станува збор за контрола врз медиумите и што американскиот народ може да види, чуе и прочита“, рече тој.



