Берсани повторно му нуди на Грило договор за формирање влада во Италија

Лидерот на коалицијата на италијанскиот лев центар Пјерлуиџи Берсани повторно во средата на приврзаниците на сатиричарот Бепе Грило чие Движење 5 ѕвезди, договор за формирање нова влада на Италија којашто земјата би ја извела од сегашната политичка слепа улица, при што повторно ја отфрли можноста за коалицирање со поранешниот премиер и лидер на десниот центар Силвио Берлускони.Пјерлуиџи Берсани, кој во Пратеничкиот дом има апсолутно мнозинство, но не и во Сенатот, ја изнесе програмата во осум точки за да ја престави „владата на промените“, Потсети на низа теми блиски на Движењето пет ѕвезди (M5S) на Бепе Грило коешто освои четвртина од вкупните гласови на неодамнешните парламентарни избориБерсани, исто така, сака да ги поттикне приврзаниците на движењето M5S во парламентот да и’ дадат доверба на потенцијалната влада којашто би ја водел тој, и истовремено предупреди дека во спротивно Грило јавно ќе гои прогласи за одговорен за опасната и безизлезна политичка ситуација во којашто се наоѓа Италија, инаку западната во тешка економска криза и рецесија.„Секој мора да го преземе својот дел од одговорноста пред граѓаните на оваа земја. И они коишто ги добија гласовите на осум милиони избирачи (M5S -з.р.) мора да кажат што имаат намера да сторат“, рекол Берсани на седницата на раководството на неговата Демократска партија.Бепе Грило досега повеќепати повторни дека нема да даде доверба на ниедна влада којашто би ја водел Берсани, ниту на нова влада што би ја предводел премиерот на заминување технократот Марио Монти. Берсани, на истиот состанок, повторно категорично одбил каква и да е можност да биде постигнат договор со десницата на Силвио Берлускони за формирање ткн „широка влада“.
МакфаксЛидерот на коалицијата на италијанскиот лев центар Пјерлуиџи Берсани повторно во средата на приврзаниците на сат

Пронајдете не на следниве мрежи: