Беснееле 47 пожари, ова се информациите од противпожарна служба на Грција

Бројката на потврдени жртви од пожарите во Грција е 49 лица, според портпаролката на грчката противпожарна служба, додека пак 156 лица се повредени, од кои 11 се во критична состојба.
Меѓу повредените има 16 деца, но се вон животна опасност.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на противпожарна служба, Ставрула Малири упати апел до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат во областите каде што беснееше пожарот.
Во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, во Грција биле регистрирани 47 пожари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.