Денес го славиме меѓународниот ден на музеите. Искористете го овој дел од викендот и прошетајте низ локалните музеи. Во чест на 18 мај, денот на музеите, влезот во музеите е безплатен за посетителите. Еве дел од изложбите што можете да ги разгледате:
Во Музејот на современата уметност во Скопје, актуелни се неколку меѓународни изложби. Првата, „45 години ФЛУ“, е јубилејна изложба резултат на соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и МСУ–Скопје. Следува „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции,“ курирана од Матје Лелиевр, која вклучува дела од француски колекции на мсуЛион и МСУ–Скопје. Завршува со „Калдер: Флуидена модерност,“ изложба фокусирана на звучната композиција на Дорит Крајслер во интеракција со делата на Александар Калдер, курирана од Нада Прља.
Музејот на македонската борба за самостојност прикажува изложба насловена „Заборавени времиња“ од Александар Тодоровски, каде се изложени часовници од збирката Македонија меѓу двете светски војни.
Националната галерија на Македонија во Чифте амам ја претставува изложбата „Црвен се барјак развева“. Во Даут пашин амам се подготвува ретроспективна изложба на Анета Светиева, поврзана со меѓународниот музејски ден, која ќе биде отворена на 21 мај 2025 година.
The post Бесплатен влез за посетителите на 18 мај appeared first on 365.mk.


