Беше најубавото девојче на светот, а кога ќе видите како изгледа денес ќе се воодушевите

Пред 12 години цел свет ги гледаше и се воодушевуваше од фотографиите од 6-годишната Тилан Блондо, која тогаш медиумите ја прогласија за „најубавото девојче на светот“.
Малата Тилан, во меѓувреме, порасна и стана полнолетна прекрасна девојка. Своевремено таа стана модно лице на само 4-годишна возраст, а со десет години веќе позираше за насловната страница на престижното модно списание Vogue.
Многумина тогаш беа шокирани од фотографијата и целата таа приказна и ситуација ја нарекоа сексуализирање на детето.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Thylane ™️ (@thylaneblondeau) on


Денес Тилан слави 18 роденден и е успешна манекенка, иако многу луѓе коментираа дека нејзините родители му го уништуваат животот на детето со тоа што дозволуваат да живее како модел од најраните детски години.

 

View this post on Instagram

 

#10yearchallenge ? !!! And thanks for 2.9M !!! Ily guys so so much

A post shared by Thylane ™️ (@thylaneblondeau) on


Ќерка е на познатата француска телевизиска водителка Вероник Лубри и фудбалерот Патрик Блондо. Фотографиите од нејзиниот Инстаграм профил покажуваат дека таа, од своевремено „најубавото девојче на светот“, порасна во прекрасна убавица и една од најубавите жени на светот.
Иако има само 18 години, одамна живее самостојно. Освен градењето и одржувањето на успешна манекенска кариера, младата Тилан започна и сопствен бизнис со облека. На Инстаграм има 3 милиони следбеници, а досега има учествувано на престижни модни ревии од сите најголеми светски модни брендови

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.