Бешикташ демантира дека Адем Љајиќ е заразен од корона вирус

Турскиот клуб Бешикташ ја негира информацијата дека српскиот фудбалер Адем Љајиќ е во карантин поради сомнеж дека е заразен од корона вирусот.
Медиумите во Италија јавија дека Љајиќ ќе го пропушти натпреварот во 23. коло на турската Суперлига против Трабзон, бидејќи се наоѓа во карантин поради сомнение дека е заразен од корона вирусот. Клубот од Истанбул реагираше со официјално соопштение.
„На нашиот фудбалер му беше дијагностицирана инфекција на крајници со висока температура по прегледот во болницата „Аџибадем Фулија“. Фудбалерот закрепнува и е во стабилна сосотојба. Ве молиме да ги занемарите информациите на социјалните мрежи дека е заразен од корона вирус.“, соопшти Бешикташ.
Натпреварот меѓу Бешикташ и Трабзонспор се игра денеска во 18:00 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.