Бидермаерот за малце во рацете на Анастасија, еве кој го фати

На венчавката на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, сега веќе Ражнатовиќ, присуствуваа голем број познати личности. Медиумите уште пред да се одржи ја нарекоа „свадбата на деценијата“, бидејќи станува збор за единецот на една од најпопуларните пејачки на овие простори, кој идната година напролет ќе стане и татко, земајќи предвид дека Богдана е бремена.

 

View this post on Instagram

 

Ana Nikolic oduševila sve savršenom linijom i stajlingom na svadbi Veljka i Bogdane @ananikolicofficial #ananikolic

A post shared by Srpski telegraf ZABAVA (@zabavast) on


Бидејќи семејствата одлучија да се испочитуваат традиционалните обичаи, вклучувајќи ги и грчките, земајќи предвид дека кумот е од Кипар, па според изјавата на Цеца за медиумите, младоженецот бил избричен, облечен и намирисан токму од страна на кумот, неизбежно беше и одењето по невестата, која живее надвор од Белград, поточно во новосадското гратче Тител, па дамите од страната на младоженецот подготвија неколку тоалети за овој свечен и среќен ден.
Цеца за венчавката во црквата „Свети Сава“ избра бел костум и кошула со леопард-принт, но на прославата во хотелот блесна во креација на Марина Висковиќ. И нејзината ќерка Анастасија исто така за дневниот дел од венчавката избра костум, а потоа се пресоблече во прекрасен бел фустан со кристали.

 

View this post on Instagram

 

Ceki i Tasa u prelepim haljinama ?? blistaju ?? #cecaraznatovic #ceca #anastasijaraznatovic

A post shared by Fan stranica o nasoj ©️®️ (@ceca.fanpage) on


И невестата подготви две венчаници – прво се појави во фустанот во кој Цеца го изговори судбоносното „да“ со покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан пред 24 години станува збор за многу популарен модел во тоа време, за кој Цеца и Аркан издвоија 100.000 германски марки, а во венчаницата се венча и сестрата на пејачката, Лидија Оцокољиќ), а потоа се пресоблече во втора раскошна венчаница, која на сите присутни им го одзеде здивот. Во неа го одигра првиот танц со својот сопруг Вељко.
Ианку, интересно е тоа што малку недостигаше бидермаерот на невестата, составен од бели ружи, да заврши во рацете на золвата – Анастасија, но сепак ѝ припадна на извесна Тара Милутиновиќ, која ѝ е другарка на Богдана од детството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.