Бидете беспрекорна во 6 чекори

Жената секогаш има тенденција да биде совршена каква што всушност и е…
1.Размислете: Кое е вашето вистинско јас? Земете лист хартија и замислете дека можете да им вградите на луѓето во глава со што сакате да мислат за вас. А потоа запишете ја таа слика и сите квалитети кои најдобро ја доловуваат вистинската Вие.
2. Кажете: Си простувам што бев премногу строга кон себе. Бидете добри кон себе и секое утро кога ќе се разбудитеизговорете си ја следнава афирмативна реченица: “. Денес нема да се критикувам.” И верувајте во вашите квалитети, добрина и убавина.
3. Започнете: да се гледате преку очилата на љубовта и запишете си 10 ситуации кога не сте биле добари кон себе. Потоа темелно прочитајте ги сите точки и запрашајте се што ќе се случи доколку ги засакате сите ваши наводни недостатоци. А потоа на уште еден лист хартија, напишете како би изгледал вашиот подобар живот и што се би се променило.
4. Размислете за тоа: Што ќе се случи ако престанете да правите листа почнувајќи со би требало … И, видите дека вашата реална Вие е всушност сто пати подобра од сликата која се обидувате да му ја продадете на остатокот од светот? А сега смислете најмалку една акција која може да ја преземете со цел да се оддалечите од таа ваша имагинарна слика и прегрнете ја прекрасната личност која навистина сте.
5. Престанете: да се трудите да се смените, бидејќи не сте доволно добри. Наместо тоа потрудете се да дознаете кои навистина сте и сакајте се себе си какви што сте, бидејќи вашата убавина ќе блесне во полн сјај само кога ќе бидете искрени кон себе. И така, секој ден повторувајте си ја оваа молитва: “Помогни ми да верувам во вистината за себе, без разлика колку и да е таа прекрасна.”
6. Набројте: пет вештини и таленти.  Бидете искрени и точни. И ако мислите дека не сте објективни, прашајте ги вашите пријатели. Потоа одговорете си на следното прашање – на скала од 0 до 100 проценти колку користите за вашите вештини. И колку вашиот живот би бил подобар ако го користите максимумот од својот потенцијал.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Жената секогаш има тенденција да биде совршена каква што всушност и е…

Пронајдете не на следниве мрежи: