“БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ!” – започнува нова хуманитарна акција со интересен коцепт!

Со цел за да се врати насмевката на некое детско лице, да се подигне свеста за тоа колку е важно да бидеме хумани, да си помагаме и да споделуваме радост:
РИСОТ РИСТЕ, Сузана Турунџиева, Атиџе Муратова и книготека ИКОНА, ВЕ ПОВИКУВААТ ова лето активно да земете учество во една ГОЛЕМА И МАЛКУ ПОИНАКВА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА, под мотото “БИДИ ХУМАН, СПОДЕЛИ РАДОСТ, ИЗРАДУВАЈ НЕПОЗНАТО ДЕТЕ!”
Оваа акција би требало да се oдвива во неколку етапи, во тек на летото, и истата ќе започне токму оваа среда на 26ти MAJ (СРЕЌНА СРЕДА) и тоа истовремено во двата продажни салони на книготеката Икона на ул.Максим Горки, и во ТЦ.Рамстор во Скопје!


Според зборовите на авторката на книгичките со РИСОТ РИСТЕ, Весна Константинова целта е да се соберат што е можно повеќе книгички кои ќе бидат донирани на дечињата кои токму ова лето, ќе се затекнат во болничките кревети на Детската клиника во Скопје!
На прашањето од каде оваа идеја?
Авторката вели дека оваа не е прв пат сака да им подари книгички на болните дечиња, истото го има направено самоиницијативно веднаш по издавањето на првиот тираж во 2019та година, кога преку ФБ прво ги повика своите пријатели да купат и напишат посвета за некое непознато детенце, а потоа таа лично влезе во клиниката и ги подели собраните книгички на дечињата кои ги затекна таму.
Изненадувањето, радоста, насмевките на лицата на дечињата, а и на нивните мајки, кои ги затекнала таму, таа вели дека никогаш нема да ги заборави и иако по професија
е дипломиран фармацевт, силно верува дека освен лекови кога си болен за да ти стане подобро, потребно е и нечие искрено внимание и убав гест.


ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ЗА И ВИЕ ДА УЧЕСТВУВАТЕ:
· да купите најмалку една книгичка со РИСОТ РИСТЕ (од продажните салони на книжарницата Икона на ул.Максим Горки или ТЦ Рамстор),
· книгичката треба да ја потпишете или да нацртате еден смајли ,
· и да ја оставите на местото за донирање во истиот продажен салон!
НО ТОА НЕ Е СЕ!
Со купување на секоја книгичка, ВО ПЕРИОДОТ ОД 26МАЈ ДО 06 ЈУНИ, на лице место добивате и УШТЕ ЕДНА КНИГИЧКА БЕСПЛАТНО, а дали и таа ќе ја подарите или задржите, изборот е ваш!
Илустрираните книгички за деца со РИСОТ РИСТЕ, имаат забавна и едукативна содржина и се наменети за деца на возраст од 3 до 10 години, одлични се за сите оние кои ја сакаат природата и животните, а и својата татковина.
За време на траење на првата етапа од ова акција за цената на една книгичка, добивате две, а најважно од се е што добивате и можност макар и за кратко да ја вратите насмевката на некое детско лице! ПОВЕЛЕТЕ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.